Министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски денеска ги критикуваше антивладините протести кои веќе неколку денови се случуваат во земјата и рече дека тие се дело на „фрустрираните“ опозициски политичари кои не можат да го прифатат губењето на власта и популарноста на владата.
Вашчиковски ова го изјави пред мала група странски новинари по повеќедневната политичка криза и уличните протести, пренесува АП.
Се наведува дека шефот на полската дипломатија додал дека некои западни медиуми известувале на „чуден начин“ за она што се случувало.
Во петокот опозициските пратеници ја зазедоа главната маса во националниот Парламент на која се наоѓа претседателот и ја блокираа работата, што според медиумите претставува најголемата парламентарна криза во земјата изминативе неколку години.
Протестот на опозицијата беше одговор на новите планови на владејачката партија Право и правда за ограничување на на пристапот на медиумите до пратениците во Парламентот, а потоа во текот на викендот следуваа протѕести во Варшава и во другите поголеми градови.




