Полските жртви на насилство, наместо да примат букети денеска на Меѓународниот ден на жената им донесоа цвеќе на пратениците во полскиот парламент со иронична порака „Извини, што останав жива“ и со барање до полските власти да го обноват финансирањето на центрите за помош на жените – жртви на насилство.
– Ме тепаше толку многу што се онесвестував. Покрај мене, ги тепаше и децата. Побегнав кај мајка ми. Дојде, падна на колена и молеше за прошка. А птооа пак ме претепа.
-Извинувањето од насилникот не значи ништо. На жените жртви на насилство им е потребна помош. Жал ми е. Извини што сум жива“, се дел од пораките кои со букетите цвеже им беа оставени на пратениците пред влезот во Парламентот во кои има 460 пратеници.
-Не не пуштаат во зградата и затоа оставаме цвеќе и пораки на портирницата. Се надеваме дека нашиот подарок ќе го добие секој пратеник, вели една од организаторките.
Настанот „Извини што сум жива“, со помош на агенцијата ФЦБ ја организира Центарот за права на жените на кого конзервативната премиерка Беата Шидло минатата година му ги укина дополнителните дотации .
Центарот веќе две години обезбедува помош пред се сместување и мала финансиска, материјална и психолошка помош за околу 4.000 жени годишно кои побегнале најчесто со децата и се кријат од насилните мажи. Покрај Варшава, Центарот има и свој азил во Гдањск, Вроцлав и Лоѓ.
Меѓународниот ден на жените во Полска се одбележува и со црн протест, на кој илјадници жени облечени во црно, со црвен кармин излегуваат на улиците на 80 градови барајќи од владејачката конзервативна партија Право и Правда да престане да им ги ускратува едно по едно правата на жените.
Во Црната среда на Пољакините против анти-женските и популистички власти солидарно им се приклучуваат макар и со виртуелна поддршка на социјалните мрежи жени од уште 54 земји од светот.
Според статистиката во Полска секоја година околу 800.000 жени се жртви на некаков вид насилство, а во семејно насилство секоја година се убиени меѓу 400 и 500 жени, од нив 80 се самоубиваат.




