На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир.
– Подоцна, во 17:30 часот ќе се одржи комеморативен собир во паркот на градскиот плоштад за да ја споделиме болката со сите оние кои ги загубија своите најблиски во трагичниот настан. Ги повикуваме членовите на семејствата, пријателите на загинатите и другите граѓани да ни се придружат, стои во соопштението на општина Гостивар.
Несреќата се случи половина час откако автобусот тргна со патници од Скопје кон Гостивар, ја загуби контролата и падна на споредниот пат, пробивајќи ги заштитните огради. Од превртувањето, 16 од патниците ги загубија животите, а 35 поминаа со тешки повреди.