Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помошта за Украина ги претвори Шолц и Макрон во отворени непријатали

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разликите меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон околу помошта за Украина се претвораат во отворено непријателство, пишува „Политико“ (Politico).

Овие разлики особено станаа видливи по изјавите на Макрон за испраќање војници во Украина.

Претходно, францускиот претседател кажа дека ЕУ се согласила да ја создаде „деветата коалиција за длабоки удари“, снабдувајќи ја Украина со ракети со среден и долг дострел. Тој, исто така, кажа дека Франција ќе направи се за да ја спречи Русија „да победи во оваа војна“.

Според него, лидерите на западните земји разговарале за можноста за испраќање војници во Украина, но се уште не е постигнат консензус.

Набрзо по изјавите на Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за одбрана Борис Писториус изјавија дека Германија нема да испрати свои војници во Украина, а Шолц нагласи дека земјите од НАТО како целина нема да го сторат тоа.

Дополнително, канцеларот повтори дека не се планира испраќање на крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина.

– Разликите меѓу Шолц и Макрон околу воената помош за Украина се развиваат во нешто како отворено непријателство – наведува „Политико“.

„Политико“, повикувајќи се на германски официјални претставници, соопшти дека Макрон е подготвен за „тешки разговори“ за Украина, но не презел доволно мерки во споредба со Берлин.

Сајтот забележува, повикувајќи се на податоците од Институтот за светска економија од Кил, дека Германија обезбедила или ветила повеќе од 17 милијарди евра помош за Украина, додека Франција – само 640 милиони евра.

– Француските власти тврдат дека го обезбедуваат оружјето што е навистина важно и со помалку двоумење од Германците – додава сајтот.

„Политико“, исто така, го споредува пристапот на двете земји за помош на Украина, забележувајќи ја големата неподготвеност на Германија да испрати одредени видови оружје, на пример, проектилите „Таурус“. Весникот, исто така, забележува дека по самитот во Париз во понеделникот, Макрон, се чини, дека тргнува по Шолц поради „историската неподготвеност“ на Германија да испрати оружје во Украина.

Претходно, германскиот канцелар Олаф Шолц објави посебна видео порака во која повторно потенцира дека НАТО нема да стане страна во конфликтот во Украина, а германските војници нема да бидат испратени во Украина.

Извор: Politico

POLITICO ЕУ Макрон непријатели Украина Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.