Американскиот амбасадор во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, продолжува да работи на реформи во Советот на ОН за човекови права, изјави американскиот држаев секретар Мајк Помпео по повод истапувањето на САД од Советот на ОН за човекови права.
„САД во принцип не се против мултилатерални тела кои работат на заштита на човековите права. Со нашите сојузници и партнери продложуваме да работиме на ова поле а тоа ги отсликува заложбите на Америка за слобода“, истакна Помпео.
Зборувајќи во Стејт департментот, Помпео рече дека американскиот претседател Доналд Трамп „уште од самиот почеток ги повикувал институциите или државите кои изјавуваат едно, а прават друго“.
Имено тоа е проблемот со Советот за човекови права, изјави Помпео, цитирајќи го Трамп кој пред Генералното собрание на ОН нагласи дека ова тело е голем извор на непријатности, бидејќи во него членуваат некои влади кои флагрантно ги кршат човековите права.
Тој додаде дека Советот станал пример за „бесрамна хипокризија каде многу од најлошите злоупотреби на човековите права се игнорираат, додека некои од најголемите светски престапници седат во него“.
Помпео рече дека изборите и гласањето во Советот не се фер и дека ова тело има константна и добро документирана предрасуда кон Израел.
Истапувањето на САД од Советот на ОН за човекови права се случува во време на осуди од јавноста поради антиимигрантската политика на Трамп со раздвојувањето на децата од родителите во прифатните центри за илегали имигранти на границата со Мексико.




