Published: Monday, July 13, 2015 10:27
Романскиот премиер, Виктор Понта, поднесе оставка од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако неодамна беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување.
Тој најави дека со оваа постапка сака да ја докаже својата невиност пред јавноста, по обвинувањата од романската Национална управа за борба против корупција
Освен опозициските партии, неодамна и претседателот на Романија, Клаус Јоханис, побара од Понта да се повлече од премиерската функција.
Понта е поранешен обвинител, кој пред романската јавност се наметна како лидер на младата европска генерација, штитејќи ги интересите на Социјалдемократската партија.




