Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попис ќе има – во април 2020 година

0
By Нова ТВ on June 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 1, 2018 09:15

Пописот на населението во Република Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА изразува жалење што беше неуспешен пописот во 2011 година и оти тоа како институција ќе го носат како товар.

– Бидејќи одбележуваме 73 години од постоењето на Државна статистика во РМ со големо жалење можам да констатирам дека она по што бевме можеби и најпознати во државата – спроведување на попис, ние во 2011 година не успеавме да го направиме. Сеедно кои биле причините и какви биле причините, овој срам ќе си го носиме уште долго време. Се надевам дека со спроведување на новиот попис ќе успееме да докажеме дека, сепак, сме кадарна институција да направиме едно вакво статистичко истражување и дека најмалку до нас била причината за неспроведување на пописот, иако како институција имаме голема заслуга за тоа што не се спровел. Таа вина мораме да си ја признаеме. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука и тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме такво нешто да не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе, вели во интервјуто Симовски.

Новина покрај комбинираното прибирање на податоците, во пописот ќе биде и тоа што нема да се користат хартиени прашалници, туку пописот на терен ќе се спроведува со користење лап-топ.

Потенцира дека е важно што на ваков начин за многу пократко време ќе ги добиеме конечните податоци, наместо да се чека година и пол до две.

ДЗС попис Симовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.