Повеќе од 652.000 граѓани се сами се попишале преку интернет порталот е-Граѓани во Хрватска. Ова е прва фаза од статистичката операција во земјата и ќе трае до недела до кога се очекува да се попише една третина од населението.
Останатите треба да бидат попишани од 8.000 попишувачи кои ќе излезат на терен в понеделник. Граѓаните кои одбиваат да се попишат или дадат неточни информации ќе бидат казнети од 2.000 до 5.000 куни, објави „Вечерњи лист“.