https://www.youtube.com/watch?v=wzJJ658gR58
Најмалку седум луѓе загинаа поплавите во западните предградија на Атина, објави Ројтерс.
Две жени и тројца мажи биле пронајдени мртви во нивните поплавени домови во Мандра. Телата на другите двајца мртви биле пронајдени во морето.
Многумина се уште се заглавени во своите домови во Неа Перамос, Мегара и Магула.
Покрај Мандра, населбата Неа Перанос е сериозно погодена. И двете се лоцирани околу 27 километри западно од Атина.
Поради поплавите затворени се и повеќе училишта. Властите веруваат дека никој не е во животно загрозувачка опасност, но истакнаа дека во тек се спасувачки акции за извлекување на луѓето залавени во нивните автомобили и домови.
Грција вчера прогласи вонредна состојба на островот Сими кој беше зафатен од бура поради која имаше прекин во снабдувањето со струја и вода, многу домови беа поплавени, а голем број возила завршија во морето.