Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски – Дискредитирани луѓе ги водат ресорите

0
By Нова ТВ on May 15, 2016 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гледајте кои луѓе ги водат ресорите, помилувани луѓе, луѓе тотално дискредитирани поради тоа што го правеле во својот мандат, луѓе кои никој не ги познава. Сето тоа го поткопува идниот економски раст, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Политиката секогаш влијае врз економијата. Во моментот кога политиката доживува колапс, општата политичка состојба како сега во Македонија, криза, недоверба, немање институции, надолни движење, тогаш логично дека тоа се прелева, не само во економијата, но можеби најмногу во економијата. Прво, внатрешниот пазар е дестабилизиран, штедењето е дестабилизирано, луѓето се плашат да штедат, инвеститорите уште помалку се спремни штедењето на граѓаните кое постои, преку банкарскиот систем, да го претворат во свои инвестиции.

Ќе застане или ќе се намали штедењето, ќе се намалат инвестициите, што значи дека ќе почне да омалаксува економската динамика која и онака е ниска, 2-3 отсто за Македонија не е ништо, странските инвеститори ќе бидат уште попретпазливи, особено овие што се гринфилд странски инвестиции, портфолио инвестиции. Дури и финансиските пазари кон Македонија ќе бидат многу попретпазливи, дали да ѝ се позајмува на Македонија, во институционалните инвеститори, Светска банка, ММФ, Европска банка итн.

Видете, во последните три-четири месеци на мала врата ни поминаа неколку странски инвестиции, не во Македонија, туку македонски инвестиции во странство. Ние веќе имаме одлив, во здравството имаме одлив од 100 до 150 милиони долари во Бугарија, тоа е знак дека некој својот бизнис го гледа во странство, тоа е голем одлив на девизи од Македонија, уште неколку ќе слушнете во медиумите дека некој сака да отвори фабрика во Бугарија, Србија, во Косово, што е тоа? Тоа е еден од сериозните знаци, ако домашниот пазар не ви е добар, бегате со капиталот во странство. Е сега замислете странци со свој капитал во Македонија, што значи дека економијата многу ќе трпи од политиката.

Институциите не функционираат, регулацијата на макроекономијата во сите држави од светот е институционална, институциите што ја регулираат стануваат нестабилни, гледајте кои луѓе ги водат ресорите, помилувани луѓе, луѓе тотално дискредитирани поради тоа што го правеле во својот мандат, луѓе кои никој не ги познава, ДУИ внесе пет-шест министри, релативно млади луѓе без никаков бекграунд, Народната банка почна да се дискредитира како институција, гувернерот веќе ја нема позицијата на општо прифатен, како што беше на почетокот, гледам веќе и во стручните кругови има дебати дали добро ја води, значи дискредитирани институции. Значи, тоа сè го поткопува идниот економски раст.“ вели Поповски.

Целото интервју може да го погледнете тука

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.