Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поради африканска свинска чума во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи

0
By Biljana on January 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски на денешната прес-конференција рече дека лешовите од овие животни биле депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Според Бабовски во ризичното подрачје повеќе нема ниту една жива свиња.

Во наредните денови, Бабовски соопшти дека ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде не можат да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус.

„Нешто слично како и со КОВИД-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход“, вели тој.

На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење.

Бабовски додаде дека сите одгледувачи на свињи ќе бидат целосно обесштетени, односно средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата.

Директорот на Агенцијата потенцираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање.

Тоде Атанасов, претседател на Групацијата на производителите на свинско месо во своето обраќање истакна дека од 2019 до сега Владата ги нема преземено потребните мерки за заштита од вирусот, при што тие очекуваат од 50 до 60 милиони штета во свињарството.

„Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет“, додава Атанасов.

Бојан Ѓоргиевски, претставник на Групацијата на мали производители во Република Северна Македонија вели дека со појавата на африканската чума мора да се спроведе постапката и да реализира итно покачување на био-сигурноста на фармите, постојани инспекции и забрана за дејност за сите оние кои ќе одбијат покачување на био-сигурност.

„Очекуваме нашите колеги фармери да ја согледаат оваа состојба и да соработуваат со властите, особено што никој нема да биде оштетен. Голем број на млади фармери се директно загрозени од оваа состојба. Тие својата егзистенција ја гледаат во нашата татковина и се надевам дека така ќе остане“, додава тој.

Директорот на АХВ потенцираше дека не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов се задоволени потребите на домашниот пазар. Тој информираше и дека во радиус од десет километри во делчевскиот регион во опасност се 741 грло, што ќе треба да влезат во процес на депопулација.

Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче.

африканска чума АХВ свињи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.