На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува внимателно возење.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.