Жителите на градот Вејли Бриџ се евакуирани поради „закана по нивните животи“ од брана која претрпе сериозно оштетување за време на обилните дождови.
Хеликоптери на британското кралско воено воздухопловство фрлаат вреќи со песок за зајакнување на ѕидот на резервоарот Тодбрук кој датира од 19. век, а се користат и пумпи за намалување на нивото на водата во браната.
Британската полиција нареди евакуација на целокупното население во градот кој се наоѓа на 280 километри од Лондон поради стравување дека оштетената брана може да се урне. Вејли Бриџ брои околу 6.500 жители и се наоѓа во северозападниот дел на земјата.