Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од Словенија: Ќе инсистираме освен уставните измени да не ви поставуваат други услови

0
By Соња Крамарска on April 3, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од денешната прес-конференција на двајцата премиери
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечкиот премиер Роберт Голоб на прес-конференцијата со македонскиот колега Димитар Ковачевски рече дека очекува кај сите политички партии во Македонија „да преовлада разумот и до ноември да бидат изгласани уставните измени“.

Голоб, кој денеска во Љубљана беше домаќин на шефот на македонската Влада Ковачевски и неговата делегација, нагласи дека процесот на преговори со ЕУ не смее да престане и дека не треба да се поставуваат дополнителни услови на Македонија.

„Северна Македонија е дел од Европа, секогаш била и сега е време да стане дел од европското семејство. Предолго се чекаше на тоа и денес овој процес конечно се мрдна од место и треба сите да направиме сè што можеме никогаш повеќе да не застане. Јас знам дека уставните измени се тешка задача, но верувам дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти. Сегашниот процес на преговори не смее да застане. Ќе инсистираме да одите понатаму и освен промената на Уставот, да не се бараат и поставуваат други услови“, порача Голоб на заедничката прес-конференција со премиерот Ковачевски.

Ковачевски од своја страна рече дека земјава секогаш кога носела големи одлуки „излегувала посилна“.

„Пред нас е носење уставни измени коишто се дел од условите во преговарачката рамка. И нив кога ќе го донесеме државата пак ќе излезе и посилна и како победник затоа што после тоа автоматски продолжува втората меѓувладина конференција, отворање на кластерите, реформите во општеството и полноправно зачленување во ЕУ, за што поддршка имаме од сите земји членки“, порача Ковачевски.

Р.Н.

Димитар Ковачевски Љубљана прес конференција Роберт Голоб уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.