Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од Сулејман еф. Реџепи по повод Рамазан Бајрам

0
By Нова ТВ on June 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Порака од Хутбето на Реисул Улема на ИВЗ во РМ. Х. Сулејман еф. Реџепи по повод Рамазан Бајрам интегрално:

О Алаху мој, Господаре наш, спушти ни софра од небо, да ни биде празник и за првите од нас и за последните од нас, и знаменија од Тебе. Снабди не. А ти си од снабдувачите Најдобар! (ел Маиде 114 )

Почитувани верници! Браќа и сестри! Само што минавме уште еден Рамазан, еден месец со многу молитви и ибадети, еден месец во кој што се потврдивме и се исполнивме себеси со издржливост, љубов, сочувство кон човекот, со спремност да си помогнеме еден на друг.Основната порака на овој свет месец е само добрината, благосостојба за сите и чекорењето исклучиво по патот што ни го осветлил нашиот Творец!

Го величевме овој Месец, бидејќи Самиот Алах џ. ш. го величел одредувајќи свети датуми кои што не постојат во другите месеци на годината. Над се, во овој месец е објавен Светиот Куран, одреден е патот на честа и на моралот, на чистотата, на искрената верба, одредени се законите на љубовта, на почитта, на хуманоста, беше поставен темелот на благосостојбата, беше јасно покажано колку е лесно постигнувањето на мирот и соживотот, колку е величествена различноста што ни ја подарил Творецот на Световите.

Браќа и сестри, почитувани верници. Денес ни е празник, го славиме Рамазан Бајрам, празник што го изразува нашето задоволство што сме муслимани, верници на Исламот, празник што го изразува нашиот понос и нашата благодарност кон Семоќниот Алах што ни ги овозможи сите овие задоволства што се доживуваат само во текот на месецот Рамазан во кој што постевме и се молевме за среќа и бериќет, како за нас така и за сиот свет. Со таква чиста душа да продолжиме и денес, пружајќи рака еден на друг, да се загрлиме како браќа, да ја израдуваме софрата на сиромашните, да ја зголемиме љубовта и грижата кон сирачињата, за нашите родители, за нашите семејства.

Браќа и сестри, почитувани верници, денес е празник, го славиме Рамазан Бајрам!

Молејќи го од се срце Милоствиот Алах да ни ги прими постот и сите молитви и ибадети, ви пожелувам среќен и бериќетен Рамазан Бајрам!

Мирот, милоста и благословот на Алах џ.ш. нека бдеат секогаш над вас!

 

ИВЗ Рамазан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.