Published: Tuesday, March 1, 2022 16:23
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг не гледа причини за подигнување на степенот на подготвеност за „нуклеарните сили“ на Алијансата.
Секогаш ќе правиме сè што е потребно да ги заштитиме и одбраниме нашите сојузници, но не мислиме дека во моментот постои потреба за менување на степенот на подготвенопст на нуклеарните сили на НАТО, изјави Столтенберг за „Аосшиејтед прес“.
Претходно и портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки порача дека и САД не гледаат причина за зголемување на степенот на своите нуклеарни сили и продолжуваат да ја анализираат наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за посебниот начин на дежурство меѓу руските сили за одвраќање.




