Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешен фашист: Никогаш не сум бил поуплашен за иднината на САД

0
By Нова ТВ on August 18, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 18, 2017 12:59

„Никогаш не сум бил поуплашен за иднината на мојата земја“, вака ја затвора својата приказна Тимоти Зал од Америка осврнувајќи се на протестите во Шарлотсвил во САД. Зал е поранешен „скинхед“ и фашист кој сега работи на полето на реинтеграција на ултранационалистите, а својата приказна ја раскажува за „Политико“.

„Се сеќавам во 80-тите со моите екстрмисти како гледавме видеа од масакарот во Гринзборо кој се случи 79’ година кога Кју Клукс Клан убија петорица луѓе на протестите на работници во Северна Каролина. Се смеевме на тоа“, раскажува Зал, кој веќе неколку години се откажал од лажните идеали и пропагандата за супериорна раса која треба да живее на овој свет.

Тој вели гледајќи ги снимките од Шарлотсвил и крва на улиците, сега уште повеќе се плаши бидејќи фашистите произлегуваат од интегрирани организации а не како тие на времето.

„Се чувствувам неубаво и доживувам дежа ву кога ги гледам снимките од Шарлотсвил. Групите за бела супериорност, во моите денови беа поразлични, но омразата која овие крајно десничарски организации ја имаат ништо не е поразлична. Тие ги мразат истите малцинство што ги мразевме и ние, веруваат во истите теории на заговор и ја консумираат истата пропаганда“.

Она од што е најмногу изненаден Зал, е како фашистите од Шарлотсвил маршираат без маски и држат прес-конференции само неколку дена откако е убиена една девојка.

„Овие сега се многу поуспешни од нас. Кога гледам стотици луѓе како маршираат без маски, кога нивниот лидер Ричард Спенсер држи прес-конференција само два дена по убиството на една жена, како ги кани новинарите во својот дом, уште појасно ми е колку пострашна е новата генерација на екстремисти. Тие се погладни за каузата отколку што бевме ние и се подобро организирани“.

Тимоти Зал не бил регрутиран во ККК туку самиот ги побарал откако Афроамериканец пукал во неговиот брат кога тој имал 10 години. Оттаму му се родила и идејата дека белците мора да бидат доминанта раса пред црните луѓе.

Уште порадикален станал кога завршил во затвор во Лос Анџелес кога околу себе имал луѓе кои му влијаеле уште посилно на каузата.

Член на ККК во Шарлотсвил

По излегувањето од затвор, заедно со неговите другари нападнале партнери од Иран и еден Афроамериканец во супермаркет во Калифорнија, но истовремено ја развил и омразата кон Евреите. За тоа ги обвинува најмногу медиумите.

Бидејќи во 80-тите бил опкружен од пријатели кои му ја зацврстувале вербата дека сите други освен белците не припаѓаат во Америка и воопшто во светот, Зал се повеќе и повеќе навлегувал длабоко во ултранационализам.

Но правејќи паралела со крајно-десничарските организации кои денес се предводници на немирите во Шарлотсвил, Зал тврди дека истите успеале одвнатре да влезат во системот и оттаму да делуваат, претставувајќи се себе како организации.

Неговата реинтеграција во општеството одела бавно откако завршил со идејата за бела доминација. Пресвртот се случил во супермаркет кога неговиот млад син се обратил кон Афроамериканец со зборот „нигер“. Тогаш почувствувал срам бидејќи не сакал неговиот син да биде она што е тој.

Бидејќи во 90-тите во Калифронија речиси сите знаеле за неговото минато, почнал да бара работа на југ, каде што запознавал луѓе кои претежно не биле белци.

„Кога почнав да работам и видов како луѓе околу мене веруваат во теории на заговор, нивните забегани ставови беа шокирачки за мене. Војна на расите? Ма каква војна, не сме во никаква војна си помислив“, раскажува Тимоти Зал.

Она што денес го плаши е што со развиената технологија и смартфоните, луѓето можат да гледаат видеа на Ју Тјуб и други социјални мрежи со еден клик за приказни од Хитлер до поновите фашисти, создавајќи чувство на параноја и одбрана на својата раса, имајќи ги предвид и лажните вести кои се шират како вирус низ помладите генерации.

„Денес, расистите и „скинхедовите“ каков што бев јас ги нема. Сите тие пораснаа, се оженија и имаат фамилии, а познавам и многу кои се откажале од своето минато и се посветиле на борбата против таквиот вид на омраза. Откако ги скратив релациите со последните такви луѓе, излегов на состанок со Еврејка од Тексас. Во брак сме 18 години. Се каам за минатото, а денес гледаме бели националисти и фашисти во организации кои се шират пред нашите очи. И никогаш не сум бил поуплашен за иднината на нашата земја“, вели Тимоти Зал.

Скандалозен прес на Трамп: Ги изедначи фашистите и антифашистите

ККК крајно-десничарски организации фашист Шарлотсвил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.