Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешен руски шпион отруен во Британија

26
By Нова ТВ on March 6, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешен руски шпион се наоѓа во критична состојба откако дошол во контакт со „непозната супстанца“ во Салсбери, јавија британските медиуми, наведувајќи дека се работи за Сергеј Скрипал кој во 2006 година беше осуден на 13 години затвор за шпионажа за британската агенција МИ6.

Британската полиција соопшти дека две лица, 66 годишен маж, идентификуван од два извора блиски до истрагата како Сергеј Скрипал и 33 годишна жена, биле пронајдени во несвесна состојба на клупа во трговски центар во Салсбери, јужна Англија.

Тие наводно биле изложени на непозната супстанца. И двајцата биле во критична состојба и се наоѓале во интензивна нега.

Помошник шефот на полицијата во Вилтшир Крејг Холден наведе дека се отворени сите опции во врска со случајот. Полицијата затвори еден ресторан во Сaлсбери во врска со инцидентот, објавија некои британски медиуми. Се уште не е јасно каква е врската.

Скрипал, кој некогаш беше полковник во руската воена разузнавачка служба ГРУ, беше осуден за предавство на Русија во 2006 година, но беше разменет како дел од размената на шпиони во стилот на Студената војна во 2010 година на аеродромот во Виена.

Односите меѓу Британија и Русија се затегнати по убиството на поранешниот агент на КГБ, Александар Литвиненко, со радиоактивен полониум-210 во Лондон во 2006 година.

За ова убиство британската истрага смета дека веројатно било одобрено од претседателот Владимир Путин. Кремљ постојано негира каква било вмешаност во убиството.

 

Британија Литвиненко руски шпион Салсбури Сергеј Скрипал труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.