Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција

0
By Ана Василевска on February 15, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти.

„Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот за понатамошни постапки за добивање италијанскиот пасош, кој се издава преку структурите на МВР. Извори блиски до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, велат дека Лала се стекнал со статус на азилат, предизвикувајќи сериозни тешкотии и нула надежи за негова екстрадиција“, јави Ора њуз.

Додава дека Адриатик Лала, од септември 2021 година, започнал правна битка во Рим, убедувајќи ја правдата на оваа земја дека неговата екстрадиција и казната со две години затвор во Албанија е политичка а не независна иницијатива.

„Тврдењата на поранешниот главен обвинител Лала се прифатени од Судот во Рим, кој го одобри барањето, со оглед на однесувањето на Лала во периодот додека престојуваше, година и половина, во оваа земја. По добивањето статус на политички азилант и добивањето италијански пасош, веќе нема надеж за негова екстрадиција во Албанија, вклучувајќи го неговиот случај во списокот на оние досиеја кои пропаднале во однос на екстрадициите“, констатира телевизијата.

Истрагата против Лала(54) почна само неколку месеци откако тој ја напушти канцеларијата на главен обвинител на Албанија.

Случајот првично го поведе Обвинителството во Драч на 15 март 2018 година под обвинение за „прикривање богатство“, „злоупотреба на службена должност“ и „перење пари“како и за кривично дело „непријавување парични суми на граница“.

Потоа, истото се прогласи за ненадлежно и досието беше испратено до поранешното обвинителство за тешки кривични дела, а во јули 2018 година соодветниот суд нареди заплена на имотот на поранешниот државен обвинител.

Обвиненијата против него беа намалени во 2021 година, кога СПАК, на 9 март, објави дека истрагата ќе продолжи само за кривичното дело „нелегално стекнат имот“ по што судот за тешки кривичн дела, во отсуство, му изрече казна затвор во траење од две години.

Покрај затворската казна, на Лала, му се забрани извршување јавна функција во следните пет години. Исто така донесено е решение за конфискација на стан во Драч од 60 квадратни метри и три хектари обработливо земјиште што го поседувал, а не можел да го оправда потеклото.

На функцијата главен обвинител Лала беше избран во декември 2012 од страна на албанскиот Парламент со 101 глас „за“, со претходно постигнат консензус меѓу политичките партии.

До неговото заминување од функцијата во ноември 2017 година се сметаше за еден од највлијателните луѓе во Албанија, од кого многумина стравувале. Во 2018 година, на Лала му беше забранет влез во САД поради сомневање за вмешаност во корупција. Забрана за влез во САД има и за неговата сопруга и двете деца.

Адриатик Лала Албанија екстрадиција Италија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.