Published: Tuesday, April 21, 2015 13:12
Мохамед Морси, поранешниот претседател на Египет, денеска е осуден на 20 години затвор поради апсења и насилство врз демонстранти извршени за време на неговиот мандат.
Морси е ослободен од обвинението за поттикнување убиство на двајца демонстранти и еден новинар за време на протестите во 2012 година.
Освен Морси, по 20 години затворска казна добија и 12 високи функционери на движењето „Муслиманско братство“, а двајца се осудени на 10 години затвор.
Пресудите може да бидат обжалени.




