Published: Wednesday, April 17, 2019 17:24
Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсиа, почина откако се застрела во главата кога полицијата пристигна во неговиот дом за да го уапси.
Гарсиа брзо бил однесен во болница, но лекарите не можеле да го спасат.
Поранешниот лидер влегол во спалната соба, откако ги забележал полицајците пред неговата врата. Откако се застрелал во главата, Гарсија бил пренесен во болница на одделот за траума.
Гарсија, кој служеше два мандати како претседател на Перу, беше под истрага за поткуп.




