Андерс Фог Расмусен од денес е советник на украинскиот претседател Петро Порошенко.
“Андерс Фог Расмусен е именуван на местото советник на претседателот на Украина”, се вели во претседателскиот дектер објавен на официјалниот сајт на украинското претседателство.
Фог Расмусен ја опиша безбедносната ситуација во Украина како “алармантна” на неговата Фејсбук страна. Украинските сили се борат со бунтовниците што ги поддржува Москва. Во текот на две години во овој конфликт загинаа над 9.000 лица.
Украина има амбиции да стане полноправна членка на ЕУ и од неа се очекува да ги исполни неопходните реформи помеѓу кои е и зајакната борба против корупцијата.
Расмусен беше генерален секретар на НАТО од август 2009 година до септември 2014 година. До 2009 година тој беше премиер на Данска.