Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порно актерка тврди: Ми се закануваа ако ја откријам аферата со Трамп

1
By Нова ТВ on March 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моменти кога американскиот претседател се обидува да воспостави контрола врз неговата администрација со отстранување службеници кои му се спротиставуваат, се појави тврдење на порно актерка Сторми Даниелс за нејзината наводна афера со Трамп.

Аналитичарите велат дека таа е потсетник дека има некои работи што претседателот сепак не може да ги  да ги контролира.

Во интервјуто за емисијата”60 минути” на Си -Би -Ес вчеравчера порно актерката одлучи да го прекине молкот за наводната врска со Трамп во 2006 година, со што фокусот го врати на однесувањето и личниот морал на претеседателот.

Даниелс во интервјуто признава дека само еднаш имала секс со Трамп во 2006. година, откако се запознале на голф турнир на езерото Тахое. Во интервјуто потврди дека тој воопшто не и се допаѓал, но дека не е жртва на сексуално искористување, туку дека таа се согласила на тоа.

Во интервјуто што според мерењата на гледност, го следеле речиси половина од Американците, таа раскажува како започнала нивната средба-кога Трамп ја повикал во хотелот, а таа видела списание на кое Трамп бил на насловната страна.

-Му кажав дека би било добро да го плескам по задникот со тоа списание…Тој ги соблече пантолоните и ми рече “може””, рече Даниелс.

39-годишната Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во 60-минутното интервју со Андерсон Купер изјавила дека имала незаштитен секс со Доналд Трамп.

Тој пак и велел дека е посебна и дека го потсетува на Иванка, како и дека и ветил гостување во емисијата “The Apprentice”, која тогаш ја водел на ТВ мрежата “Ен-Би-Си”.

Таа исто така открива дека во 2011 година била мета на закани на еден паркинг, со цел да биде исплашена и спречена да говори за секс аферата со Трамп.

Опишувајќи го настанот, таа вели дека додека од паркингот се движела кон просториите за фитнес, заедно со својата тогаш малолетна ќерка, им се приближил непознат маж кој им се заканувал.

-Човекот ми пријде и ми рече: Остави го Трамп на мира. Заборавија таа приказна. Потоа се наведна, ја погледна мојата мала ќерка и рече: Убаво девојче. Би било штета нешто да се случи на нејзината мајка. Потоа си замина, изјави Даниелс.

Даниелс наводно неколку дена пред претседателските избори во ноември 2016 потпишала договор со кој се обврзува да молчи за аферата со Трамп. За тоа, како што наведува добила 130.000 долари. Потоа во јануари годинава потпишала изјава со која негира каква било афера. Но таа изјава како што тврди се покажала дека е невалидна, бидејќи не била потпишана од Трамп.

Таа на 6 март поднела  тужба против претседателот, наведувајќи дека Трамп никогаш не го потпишал договорот со неа за таа да молчи во врска со интимните односи меѓу нив.

Вчерашното интервју и тврдењата на Даниелс е втора ваква изјава за само неколку дена, откако минатата недела бившата Плејбој зајачица Карен МекДагал, говореше за десетмесечната афера со Трамп која се случила во 2006 година.

 

Трамп во тој перид беше во брак со сегашната сопруга Меланија Трамп. Првата дама го следеше Трамп овој викенд на Флорида во нивниот  голф клуб. Трамп вчера се врати во Белата куќа, но портпаролката на Белата куќа изјави дека Меланија останала со синот на Флорида, бидејќи Барон бил на пролетен одмор. Трамп додека се движеше од хеликоптерот до зградата, не одговори на новинарските прашања да ја коментира аферата со Даниелс.

афера закани порно актерка Сторми Даниелс Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.