Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порошенко потпиша указ за воена состојба во Украина до 25 јануари 2019

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 ВЕСТИ
Фото: Керч инфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска потпиша указ за одлуката на Советот за национална безбеднос и одбрана за воведување воена состојба во Украина до 25 јануари 2019 година.

– Да се активира одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана од 26 ноември 2018 за вонредни мерки за обезбедување на државниот суверенитет и независност на Украина и воведување на воена состојба во Украина, стои во документ објавен на сајтот на украинскот претседател.

Указот треба да го потврдат и пратениците во Врховната Рада.

Претходно Порошенко побара од Русија веднаш да ги ослободи украинските морнари и бродовите што беа задржани вчера во Керченскиот Теснец.

– Бараме итно да бидат вратени на украинската страна, рече Порошенко и повика на деескалација на кризата.

Украина соопшти дека шест морнари биле повредени кога руските погранични сили отвориле оган врз три украински бродови во близина на Керченскиот Теснец, а потоа биле уапсени. Русија и Украина веќе разменија обвиненија за инцидентот, што ги продлабочи тензичните односи меѓу нив, кои произлегуваат од руската аннексија на Крим во 2014 година и поддршката за сепаратистичкиот бунт во Источна Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го оквалификува како „провокација” тоа што украински бродови влегле во руските територијални води.

– Прекршени се клучните одредби од меѓународното право, не само во областа на поморскиот закон, туку и во општото меѓународно право, вклучувајќи ја и Повелбата на ОН за морско право од 1982 година и други меѓународни правни инструменти, кои постојано инсистираат сите земјите да го почитуваат суверенитетот на другите држави, рече Лавров, додавајќи дека провокацијата била спроведена под команда на највисокото раководство на Украина.

Лавров ја обвини Украина за употреба на „опасни методи” во Керченскиот Теснец

– Имаше нарушувања и беа употребени опасни методи, што може да создаде закани и ризици за нормалното движење на бродовите во овој морски коридор помеѓу Азовско и Црното Море, рече Лавров.

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, чија земја е ротирачкиот претседател на ЕУ, предложи утре да се одржи состанок на Комисијата за политика и безбедност на ЕУ поради ситуацијата во Керченскиот Теснец.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека по инсистирање на украинскиот претседател Петро Порошенко, попладне ќе биде одржан состанок на заедничката комисија на Алијансата со Украина.

Во неговото соопштение се истакнува дека НАТО целосно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, вклучувајќи го и правото на пловење во нејзините територијални води, согласно меѓународното право.

Столтенберг и Порошенко утринава имале телефонски разговор за настаните во Азовското Море и Керченскиот теснец. Тоа прашање ќе биде единствена точка на дневниот ред на денешниот состанок.

воена состојба Порошенко Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.