На необврзувачкиот референдум граѓаните на Порторико гласаа земјата, која досега беше автономна територија, да стане 51. Сојузна држава на САД.
Но, легитимноста на гласањето е доведена во прашање поради малата излезност.
На гласање излегле околу половина милион граѓани, нешто помалку од 8.000 се изјасниле за независност од САД, а околу 7.000 за задржување на сегашнбиот статус.
На референдумот излегле 23 отсто од гласачите, што е најмалку од сите избори во Порторико одржани од 1960 година наваму.
Главната опиозициска партија ги повика своите приврзаници на бојкот.
Гувернерот на Порторико Рикардо Росело вети дека ќе формира комисија која ќе именува двајца сенатори и петмина претставници кои од Конгресот на САД ќе бараат статус на држава. Конгресот мора да одобри каква било промена на статусот на Порторико.
-САД ќе мора да ја почитува волјата на народот, изјави Росело.
Меѓутоа експертите предупредуваат дека е мала веројатноста дека Конгресот кој е под контрола на републиканците же ги признае и ќе ги прифати резултатите од референдумот, бидејќи Порторико им е наклонет на демократите.




