Полицијата во Португалија уапси 50 годишен маж под сомнение дека во областа Кастело Бранко го предизвикал пожарот што потоа се прошири на соседната област Сантарем.
Според полицијата, постапките на осомничениот довеле во опасност човечки животи, домови и шуми.
Во пожарот се повредени 20 луѓе-12 цивили и 8 пожарникари, а едно село е евакуирано. Министерот Едуардо Кабрита изјави дека полицијата отворила истрага во која се наведува дека на локалните жители им било чудно што пожарите се појавиле во исто подрачје во краток временски рок од 14.30 до 15.30 часот.
Со огнената стихија се бореа 800 пожарникари, а високата температура и силниот ветер им ја отежнуваа операцијата. До сега под контрола се ставени 85 проценти од пожарот.
Во гаснењето учествуваат и 13 авиони, 243 противпожарни возила и војската.




