Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Португалскиот предлог содржи „македонски јазик“

0
By НОВА ТВ Balaban on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 10:33

С Македонија има големи очекувања од преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Словенија како земја од регионот во однос на исчекор и отворање на преговорите за членство. Сепак, за деблокада на евроинтеграциите на Скопје и Софија е да ги надминат разликите преку директни преговори. Лисабон потврди – изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, која предизвика бранувања во јавноста и официјални реакции од Скопје, е грешка.

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција во Загреб со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ посочи дека за Република Словенија нема никакви дилеми, и ја смета за еден од најдобрите адвокати за влезот на целиот Западен Балкан во ЕУ, бидјеќи има искуство со регионот и најдобро го знае регионот.

– Во однос на словенечката Влада која оперативно ќе го води претседавањето во следните шест месеци немаме апсолутно никакви дилеми дека ќе направи најдобро што може, што е во нивна компетенција. Меѓутоа, зборувајќи за претседавачите на ЕУ, лавовскиот дел од работата е меѓу Скопје и Софија во нашите директни преговори. Немам никакви сомнежи и контроверзии дека Словенците во однос на ова прашање – интеграцијата за Западниот Балкан, ќе бидат одлични претседавачи, рече Пендаровски на новинарско прашање.

Во однос на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш дека „јазикот на Северна Македонија, некогаш бил дел од бугарскиот јазик“, Пендаровски оцени дека тоа е длабоко погрешна изјава која ги поткопала сите напори кои нејзиниот колега од истата влада ги правел месеци наназад.

– Добрата вест е што португалското претседателство заврши, јас се надевам дека нашите пријатели од Република Словенија кои го преземаат кормилото на Европската Унија, следните шест месеци, ќе продолжат долж истата патека со полно уважување на виталните национални државни интереси на двете страни инаку поинаку не може да се дојде до договор, рече Пендаровски порачувајќи дека за нас не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, цел на која продолжуваме да работиме со несмален интензитет.

Хрватскиот претседател Милановиќ оцени дека Северна Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на Унијата.

– Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите што поскоро и тоа нема да биде лесно. Ваквите пораки кои се испраќаат се обесхрабрувачки, дури и дискриминирачки, смета Милановиќ.

Во однос на изјавата на португалската државна секретарка, оцени дека таа е резултат на незнаење и невнимание. Според него, кога се влегува во нечиј интимен простор, во деликатни работи како идентитетот, правото на име и правото на јазик, тоа не завршува добро особено ако, како што нагласи, мотивите се опортунистички. –  Тоа е погрешно и неморално. Тој е дел од идентитетот на таа држава, вели Милановиќ.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вчера изјави дека португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. За изјавата на Закаријаш, Димитров рече имале многу контакти со Лисабон и со претставници на Португалија, односно португалското претседателство, дека укажале на „оваа крајна несоодветност“ и дека добиле „уверување оти изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон којшто останува на линија на португалскиот предлог и беше изразено жалење во оваа смисла“.

– Прашањето на македонскиот јазик за нас е клучно прашање. Ниту имаме мандат за тоа воопшто да помислуваме да преговараме. Во Европа ќе влеземе само во делот на македонскиот народ, како Македонци кои зборуваат македонски јазик и го задржуваме правото тоа да си го браниме достоинствено без разлика на какви изјави ќе наидуваме, денес или во иднина. За мене лично ова беше прилично несреќна изјава, изјави Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

И министерот за правда, Бојан Маричиќ, на новинарско прашање потенцира дека во португалскиот документ и она што го има во предлогот на преговарачката рамка не се доведува во прашање посебноста на македонскиот јазик.

Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, вчера, на последниот ден од претседавањето со ЕУ, на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“, и потврди дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка. Содржината на португалскиот предлог, додаде тој, е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна.

-Сметаме дека предлогот што го поднесовме и кој беше прифатен од Северна Македонија и мислам дека Бугарија може во блиска иднина да го прифати исто така, е многу јасен, зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот, порача Силва. 

Зоран Милановиќ македонски јазик Португалски предлог Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.