Цел свет денеска можеше да види несекојдневни, емотивни, сцени на отворањето на посебната седница на Европскиот парламент на која се расправа за ситуацијата во Украина.
Сесијата почна со аплауз и овации за украинскиот амбасадор, а сите европратеници станаа на нозе и носеа маички со украинското знаме.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола се заблагодари на претседателот на Украина, Володомир Зеленски кој се придружи на седницата преку видеоврска од Украина.
Господине претседателе, ви благодарам што му покажавте на светот што значи да се стане. Ви благодарам што нè потсетивте на опасноста од самозадоволство, рече Мецола во говорот во кој го пофали херојството на украинскиот народ кој ја брани сопствената земја.
Таа рече дека парламентот „го поздравува барањето на Украина да стане членка на Европската Унија (ЕУ) и дека ќе работи на тоа да стане реалност“.




