Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пошта“ промовираше поштенска марка за настапот на ЕУРО 2020

0
By НОВА ТВ Balaban on June 1, 2021 ПОЛИТИКА
postenska marka EP 2020
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Северна Македонија.

Но на настанот не присуствуваа ни потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Лазар Ракиџиев, ниту селекторот Игор Ангеловски-Мрме.

– За жал, потпретседателот на Фудбалската федерација не смогна сили да дојде и покрај поканата на овој настан кој е настан на целата држава, непотребно фрлен во сенка на еден искрен и чесен пристап на вработените на АД ‘Пошта на Северна Македонија’“, изјави генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, Јани Макрадули.

На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на „Пошта“, Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да им се заблагодарат на репрезентативците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.

– Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена е во 6. 000 примероци. Поради ковид-мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули.

Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.

– Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсоски.

Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа.

Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, потоа се пресметките со Украина и Холандија.

„Пошта“ ЕП настап поштенска марка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.