Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последен ден за поднесување кандидатски листи за локалните избори

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за локалните избори, закажани за 15 октомври.

До општинските изборни комисии од пред неколку дена групи избирачи и партиите почнаа да ги доставуваат кандидатските листи, иако голем дел од лицата за кои граѓаните ќе се изјаснуваат се веќе објавени.

ОИК во рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати утврдува дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик.

Поднесувачите на листите на кандидати имаат рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите, а ОИК ги потврдува со решение. Листите што ќе бидат поднесени по истекот на рокот и доколку од нив не се отстранат констатираните неправилности ќе бидат отфрлени. Потврдените листи на кандидати ОИК треба да ги достави до Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 16 септември заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати. Според Роковникот за изборни дејствија, жрепката треба да се одржи на 18 септември.

Најдоцна до 21 септември ОИК ги објавува листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник, а во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Четиринаесетти септември е и последниот рок за објавување на описите на избирачките места по општини утврдени со Изборниот  законик.

ДИК денеска ќе го достави Избирачкиот список до политичките партии кои во рок од пет дена до Комисијата треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци. Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегуваат од јавниот увид, опечатен во изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември.  Заклучениот Избирачки список ДИК го потпишува најдоцна до 29 септември.

На 16 септември ДИК ќе ја спроведе жрепката за рекламните паноа и билборди за политичко рекламирање.

Шестите локални избори се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври.

Дик кандидатски листи локални избори 2017 рок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.