На Косово е прогласена тридневна жалост по повод смртта на Адем Демачи, борец за човекови права, познат по неговиот силен отпор кон комунистичкото уредување.
Демачи почина вчера на 82-годишна возраст. Парламентот ги прекина седниците и одржа едноминутно молчње по најавата за неговата смрт.
Желбата на Демачи да се жртвува за етничките Албанци во Косово му го донесе епитетот балкански Мандела, според легендарниот борец за човекови права на Јужна Африка Нелсон Мaндела.
Демачи помина 28 години во затвор поради отпорот кон комунистичкото уредување во Југославија, и српската доминација врз мнозинството етнички Албанци во Косово, со распаѓањето на Југославија.
Тој беше на чело на политичкото крило на паравоените сили на етничките Албанци за време на конфликтот со Србите во 1998-1999 година.
Во 1991-та година, Демачи ја доби наградата за слобода на мислата на Европскиот парламент „Андреј Сахаров“.
*Видеото е преземено од Радио Слободна Европа




