Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последни четири дена од изборната кампања

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 14, 2025 09:44

Остануваат уште четири дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција.

Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и Чаир. Вечер караванот на СДСМ ќе биде во општините Новаци, Ресен и Битола.

Претставници на ВРЕДИ ќе имаат средба со Стопанска комора на северозападна Македонија.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и носители на листи и кандидати за советници ќе имаат средби со граѓани во Кисел Вода.

Прес-конференции ќе одржат потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми и кандидатот за градоначалник на Сарај Блерант Рамадани, како и независниот кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“ Горан Марковски.

Партиите во текот на вчерашниот ден пред граѓаните ги презентираа своите проекти за подбривање на инфраструктурата, за социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот, земјоделството, грижа за секое населено место.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Велес истакна дека однесувањето на СДСМ  и Венко Филипче го покажува нивното потценување на народот и вистинскиот ефект од нивното однесување ќе се види на претстојните локални избори, кога народот ќе го каже своето мислење за нивните непроменети лаги.

На митингот во општина Чашка, Мицкоски подвлече дека изминале седум тешки години кога претходната влада на СДСМ и ДУИ, како што рече, создаваше хаос, уривања, поделби и многу криминал и тие години на апатија и безнадежност народот не ги заборава, колку и денес да се трудат ова време да се заборави.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Кочани порача дека ниту еден политичар не може да оди со крената глава во овој град.

– Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда. Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со крената глава не се оди кај оние на кои им се вршеа притисоци за протести. Нема достоинство во ароганцијата и лицемерието, рече претседателот на СДСМ.

Тој потенцира дека се залага за темелни реформи во судството и институциите и земјата да оди напред кон ЕУ.

Мицкоски, претходно од митингот во Лозово, се осврна и на кампањата и обвинувањата од ДУИ, потсетувајќи дека едно од неговите ветувања на парламентарните избори беше дека оваа партија, по долги години во власта, ќе оди во опозиција.

– Суштинско ветување беше дека оваа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ, дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција, истакна Мицкоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, синоќа преку видео-обраќање на централниот митинг во Дебар на Националната алијанса за интеграција (НАИ), порача дека „на 19 октомври ќе нема локални избори, туку национален рефрендум за достоинство и национална гордост“.

– Ние сме заедно за да се соочиме со злото и потценувањето што им се направи на Албанците во овие 12 месеци од оваа влада. Христијан Мицкоски не го признава Охридскиот договор и достигнувањата на Албанците, рече Ахмети.

Коалицијата ВРЕДИ, преку соопштение ја обвини ДУИ дека не се бори за националана кауза туку за гол личен интерес и за моќ.

– Секој превез на измама падна! Оние што гласно зборуваат за „национална кауза“, кои ги полнат подиумите со зборови за „референдум“, на теренска прошетка со спуштени знамиња низ 100 отсто македонски села, барајќи гласови за сопствен спас. Ова не е политика, ова е национален срам!, порачаа од ВРЕДИ.

 

кампања локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.