Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последните 24 часа: Над 180 загинати по поплавите во Западна Европа

0
By Ivana on July 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Расте бројот на загинати во поплавите во Западна Европа. Според последните информации, последните бројки во изминативе 24 часа достигнаа до 180, откако спасувачите цела ноќ работеа во потрага по прежиевани. Силниот дожд донесе нови поплави во Австрија и југоисточна Германија, но не толку големи како тие од минатата недела.

Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети селото Шулд во близина на Арвајлер кое беше уништено од поплавите. Претходно поплавениот регион го посети германскиот претседател и изјави дека е потребна долгорочна поддршка за да им се помогне на преживеаните од поплавите кои ги загубија своите домови.

Министерот за финансии Олаф Шолц изјави дека на владина седница ќе предложи пакет за непосредна помош. Тој во изјава за весникот „Билд ам Зонтаг“ посочи дека ќе бидат потребни над 300 милиони евра за обнова на регионот. Тој додаде дека федералните влади мора да започнат со воспоставување програма за обнова, која, од искуство со претходните поплави, треба да биде во милијарди евра.

Иако силниот дожд престана да врне во најпогодените области на Германија, Белгија и Холандија, невремето и поројните дождови продолжија во другите делови на западна и централна Европа. Синоќа имаше и поплава во германско-чешката гранична област, низ целата земја од каде се случија минатонеделните поплави, и во југоисточниот дел на Германија како и преку границата во Австрија.

Поплава го зафати и блискиот австриски град Халејн доцна во саботата, но нема извештаи за жртви. Обилниот дожд и невреме предизвикаа сериозни штети во повеќе делови на Австрија.

Белгија Германија поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.