Кандидатите на претседателските избори во САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја завршија серијата дебати со жестоки обвинувања, но она што го обележа нивното последно соочување во јавноста беше тоа што на крајот еа се ракуваа, а Трамп одби да одговори на прашањето дали ќе ги прифати резултатите од изборите доколку изгуби.
Кандидатите не се поздравија ниту пред ниту на крајот од политичкото соочување во Лас Вегас во кое доминираа високи тонови, влегување во збор и навреди. Сепак изјавата што ја одбележа дебатата е онаа на републиканскиот кандидат кој на прашањето, дали во случај на пораз ќе ги признае резултатите од изборите на 8 ноември, остави впечаток дека можно е и да не ги признае.
-Ќе ви кажам кога ќе дојде време, рече Трамп.
Пред 4 дена Трамп рече дека е уверен оти изборите ќе бидат наместени.
Трамп неговата ривалка дури ја нарече и „одвратна“ жена.
Во текот на дебата цело време се провлекуваше и сенката на рускиот претседател Владимир Путин.
Клинтон рече дека Путин сака Трамп да биде избран бидејќи сака марионета за американски претседател.
-Ти си марионета и рече Трамп, истакнувајќи дека Путин ја надмудрил и ја изиграл кога била поранешна државна секретарка.
Трамп и Клинтон ги спротивставија ставовите и околу низата внатреполитички прашања како што се абортусот и правото на наосење оружје, а посебно остра дебата се разви околу илегалните мигранти и планот на мексиканскиот претседател да подигне ѕид.
Во врска со надворешната политика Клинтон го поздрави напредокот на ирачките сили кај Мосул, но додаде дека нема да поддржи испраќање американски војници во Ирак против Исламската држава.
-Целта е преземање на Мосул, а потоа треба да се тгрне кон Сирија, рече Клинтон, на што Трамп одговори дека Американците го имале Мосул.
-Кога таа ги повлече силите од Ирак го изгубивме. Сега веќе три месеци слушаме како одиме кон Мосул. Нашата земја е глупава. Требаше само да ги оставиме нашите војници во Ирак, рече Трамп.
Тој исто така ја обвини Клинтон дека е одговорна за хуманитарната катастрофа во сирискиот град Алепо.
-Асад е многу посилен и попаметен од Хилари. Асад соработува со Ирак и со Путин. Тие не ја сакаат Исламската држава, а ние им помагаме на бунтовниците. Ние не знаеме кои се тие. Дури и да го соборат Асад веројатно ситуацијата ќе биде полоша од сега, рече Трамп.
Според анкетите објавени непосредно по дебатата, Клинтон оставила подобар впечаток кај јавноста.
Според анкетата на Си Ен Ен Клинтон оставила подобра впечаток кај 52 проценти од јавноста, додека Трамп кај 39.
Исто така 55 проценти од гледачите сметаат дека нападите на Трамп кон Клинтон се оправдани, додека други 63 проценти сметаат дека нападите на Клинтон кон Трамп имаат основа.
Би би си во коментарот заклучува дека ова “не била добра ноќ за републиканците“.




