Американската полиција во понеделникот го евакуирала трговскиот центар Таун центер во Аурора, предградие на Денвер по тепачката меѓу петмина која прераснала во масовна пресметка со полицијата.
Ова е само еден од инцидентите кои го одбележаа денот по Божиќ во САД.
АП пренесува дека локалната полиција во Аурора уапсила петмина од вкупно 500 луѓе кои учествувале во тепачката. Инцидентот започнал откако полицијата се обидела да го уапси иницијаторот а потоа масата ги опколила и ги нападнала полицајците.
-Никогаш не одете во трговските центри после Божиќ, напиша на Фејсбук сведок на инцидент во друг град.
Исти вакви инциденти полицијата регистрирала и во Кливленд, каде според локалниот сајт кливленд.ком јави дека полицијата морала да употреби пепер спреј за да ја растера масата.
Масовни тепачки имало и во Тенеси, Њу Џерси и Северна Каролина каде било употребено и огнено оружје.




