Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пост Брегзит ефект: Расте поддршката за проевропските партии

1
By Нова ТВ on July 10, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 10, 2016 12:29

Иако предвидувањата беа дека по Брегзит многу држави од ЕУ ќе тргнат по стапките на Велика Британија и ќе одржат референдуми за членството во Унијата, анкетите покажуваат сосема поинаква ситуација.

Во Германија порасна поддршката за канцеларката Ангела Меркел и нејзината популарност сега е најголема во последните 10 месеци, и сега се наоѓа на она ниво на кое беше на врвот од бегалската криза лани во септември.

Анкетата на агенцијата Инфратест Димап објавена во петокот покажува и пораст на поддршката за нејзината партија ЦДУ за 2 отсто и за еден отсто на левичарската Социјалдемократска партија. Од друга страна, десничаркста АФД доживеа пад на попуарноста за 3 прпоценти.

– Дебатите за Брегзит меѓу германската популација предизвикаа создавање на поголемо проевропско расположение. Од овој тренд профитира Владата додека популарните евроскептични партии трпат пораз, изјави директорот на агенцијата Михаел Кунерт.

Во Холандија, една од државите за кои се говореше дека би биле меѓу првите кои би тргнале по стапките на Британија, поддршката за Слободарската партија на ултрадесничарот Герт Вилдерс падна на најниско ниво од минатата есен.

Една од анкетите покажа дека Вилдерс би добил 30 од 150 места во Парламентот доколку сега би се одржале избори, што е за три места помалку од минатата недела.

Порасна и популарноста на Социјалистичката паритија, која е евроскептична по своите ставви, но не е за излез од ЕУ, а добро поминуваат и проевропските партии.

Политичкиот хаос и економската несигурност кои уследија во Британија по референдумот влијае на промената на мислењето и во Австрија.

Непосредно по Брегзит, речиси половина од испитаните Австријци рекле дека се за излез од ЕУ. Анкетата која ја спроведе Галуп на 5 и 6 јули покажува дека во моментов само 30 проценти од нив би гласале за напуштање на Унијата.

Промената на расположението по се изгледа влијаела и на ставовите на десничарскиот претседателски кандидат Норберт Хофер. Тој претходно се залагаше за референдум за излез од ЕУ доколку во неа влезе Турција, а во петокот изјави дека воопшто не е за таква опција.

– Доколку Австрија излезе од ЕУ тоа без сомение ќе и нанесе штета, изјави тој.

Данците исто така повеќе ја поддржуваат ЕУ. Анкетите по референдумот во Британија покажуваат дека поддршката за референдум во врска со членството паднала од 40 на 32 проценти.

Ниту Финците не се расположени за референдум, а исто така и Италијанците, иако популарноста на евроскептичните партии кај нив е на високо ниво.

Околи две третини од Италијанците во случај на референдум би гласале за останување во ЕУ, покажува една неодамнешна анкета.

Единствено во Франција е забележен еднаков процент на поддршка за десничарите како и пред Брегзитот.

Во меѓувреме, Британската Влада денеска официјално ја отфрли петицијата за одржување нов, втор референдум за членство на Британија во ЕУ која досега ја потпишаа над 4 милиони луѓе.

Во случај кога петицијата на сајтот на британскиот Парламент ќе надмине 100 илјади гласови, парламентарниот комитет за петиции ја разгледува можноста дали да ја изнесе пред Парламентот на дебата.

Во петицијата пишува: Ние потписниците на оваа петиција бараме од Владата на нејзиното Височество да го примени прописот, ако некоја страна за или против добие помалку од 60 отсто од гласовите, а излезноста не надмине 75 проценбти, треба да биде одржан втор референдум“.

На референдумот на 23 јуни излезноста беше 72 отсто, од кои 52 отсто или 17,4 милиони го поддржаа Брегзит.

Во одговорот на петицијата, Владата вели дека не е одредена минимална излезност кога Парламентот го носел Законот за референдум за членството во ЕУ.

Уште се наведува дека како што рекол премиерот Дејвид Камерон во обраќањето на 27 јуни тоа е еден од најголемите вежби по демократија во британската историја.

– Сега мора да го подготвиме процесот на излегување од ЕУ, а Владата е посветена на тоа да обезбеди најдобар можен исход за народот на Велика Британија во преговорите за тоа, се вели во соопштението од Форин офисот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
ФОКУС
February 8, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

ВЕСТИ February 8, 2026

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во…

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026

Милано: Протести против Олимписките игри – го нарушувале еко системот но и живото во градот станал прескап

February 7, 2026

МВР заплени нови 40 тони марихуана наводно поради неусоглесеност на количествата со лиценците  

February 7, 2026
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.