Published: Monday, March 16, 2026 00:17
Зоран Иванов
Се утепаа националниве телевизии и подјармениве портали да пренеста важна вест од власта, од актуелното министерсво за земјоделство, дека овие дечкиве одговорни за нивите и за стоката, формирале тимови кои, како запролертува, ќе оделе по селата кај земјоделците и кај сточарите и тоа, прецизираат, кај главните, кај тие по крупните во викендите, а кај тие по споредните, кај по ситните, во петоците.
Планот им бил да ги чуле маките на земјоделците и да ги слушнеле маките на сточарите.
И, демек, идеи да собирале за да наоѓале решенија за да ги релаксирале од грижите.
А бе бирократи канцелариски, им ги знаете маките.
На земјоделците и на сточарите не им требаат паради и туризам кабинетсаки.
Им требаат пари.
Пари.
Пари им требаат да изораат, да посеат, да ожнеат.
Им требаат пари и за родот пазарно да им го згрижите.
И кај сточарите, исто.
Пари за храна за телињата да им дадете чекаат и чекаат млекото од кравите реално да им го вреднувате.
Затоа, не туку купувајте време и не туку туркајте партиски популизам, туку дајте им пари на земјоделците и на сточарите да го кренар родот и да ги модернизираат фармите зашто ги сотревте нив со увози земјоделски и со увози сточарски и нас со цени пазарни.




