Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри 

0
By Zoran Ivanov on June 13, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција, рече Коцевски.

Дополни дека постапката се запира и за едно лице кое е починато, а за едно лице е во прекин поради здравствената состојба.

Тој истакна дека обвинителите одлучиле да се води единствена постапка, бидејќи бројот на лица опфатени во обвинението, кое е на 40 страници, не е голем.

Прашан дали имаат докази кој ја внел пиротехниката на концертот на групата ДНК, Коцевски одговори дека имаат докази.

Обвинителството е сигурно, кој како и на кој начин ја има внесено пиротехниката. Сѐ е истражувано и во текот на постапката ќе се открие, рече Коцевски на денешната прес-конференција.

Што се однесува за одговорноста на вработени во Државниот пазарен инспекторат обвинителите посочија дека во оваа ситуација поинаку е постапувањето.

Обезбедени се докази за постапувањето на локално ниво. Надлежностите на повисоко ниво биле во план, во овој случај има докази за целиот период имал план, но тој план несоодветно се спроведувал. Што значи тоа? Тоа значи дека да тие излегувале на лице место, но, пренесувале погрешна информација „дека сѐ е во ред, дека се исполнети услови“. Заради тоа оваа ситуација поинаку е цената доколку се обезбедат докази и понатаму за нивна одговорност секако дека постои можност, рече една од обвинителките која е дел од тимот од предметот.

Обвинителот не сподели конкретни информации околу обвинетите, со објаснување дека обвинителниот акт сѐ уште нема правна сила, а во однос на прашањето зошто никој од актуелната власт не се годни, имајќи предвид дека биле на функција во моментот на несреќата, одговори дека е чудно што во период од десет години никој не вршел надзор во дискотеката.

И нас ни е чудно како целиот период од најмалку десет години никој таму не вршел надзор. Во однос на вашето тврдење дека бил заштитен од власта во период од 1012 година се менувале повеќе власти, рече Коцевски.

Државниот јавен обвинител Коцевски истакна дека во текот на истрагата беа опфатени 47 лица и три правни лица, а сега во обвинението се 34 лица и три правни лица за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во којашто животите ги загубија 62 лица, а над 200 се повредени.

На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

 

запира министри обвиненија обвинителство пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.