Радио Би Би Си 2 денеска ја претстави необјавената песна на Џорџ Мајкл под наслов “Fantasy”, нешто повеќе од 8 месеци од смртта на поп ѕвездата. Продуцентот на Мајкл Нил Роџерс изјави дека на синглот работел со помешани чувства, но и со радост и со љубов.

“Fantasy” е ремикс од 80 те години, и објавена е во емисијата Chirs Evans Breakfast.

Џорџ Мајкл почина на 25 декември 2016 на 54 годипна возраст поради срцеви проблеми. Погребан е кон крајот на март годинава во тесен семеен круг на северот на Лондон, по повеќенеделна истрага, кој покажа дека починал од природна смрт.

Двете сестри на Мајкл, Мелани и Јода најавија дека сакаат да го продолжат неговото дело со споделување на она што тој го остави зад себе како наследство.

Со над 100 милиони продадени носачи на звук Мајкл последните години живееше повлечено и подготвуваше албум и автобиографски документарен филм.