Published: Thursday, February 12, 2015 10:42
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека тој заедно со лидерите на Украина, Германија и Франција постигнале договор во Минск за ситуацијата во Источна Украина.
Според него, од 15.февруари би требало да започне прекинот на огнот, и да почне повлекувањето на сите кои располагаат со тешко оружје.
Според претседателот на Украина, Петро Порошенко, сите заложници ќе бидат ослободени во наредните 19 дена.
Разгворите на лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција за решавање на кризата во Украина, во Минск траеја целата ноќ.




