Published: Tuesday, July 14, 2015 10:20
Иран и шесте светски сили денеска постигнаа историски договор со кој се гарантира олабавување на санкциите спрема Техеран во замена за кратење на неговата нуклеарна програма. Ова за агенцијата Ројтерс го изјави еден неименуван дипломат во иранската делегација.
За денеска претпладне во Виена е закажан состанок на шефовите на дипломатиите на земјите вклучени во преговорите кои беа интензивирани во последните две недели.




