Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постигната согласност за законско решение за помирувањето

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата Зоран Заев по средбата со координативното тело за помирување и интеграција во Собранието изјави дека е постигната согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение. Покажавме политичка волја, рече Заев, дека сме подготвени за еден ваков чекор, посочувајќи дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

-Да оставиме сега на правните тимови кои под раководство на овие посебни групи ќе ги направат следните чекори. Ние денеска изразивме политичка волја. Со моето гостување на самата група јас ја потврдив мојата лична волја и волјата како премиер, рече Заев и изрази убедување дека во натамошната постапка ќе се дознаат сите стручни аспекти на механизмите како да се направи помирување во државата, а истовремено како да се постават и другите апсекти на целите на интерпарламентарната група.

Премиерот кажа дека волја и желба постојат, но дека црвените линии не смеат да се поминуваат, што е многу важно за да не ни падне, како што рече, на памет да влијаеме врз правосудниот систем.

Потсети дека реформите и независноста на судството се  многу важен императив во евроинтеграциските процеси за влез во НАТО и во ЕУ.

Не навлегувајќи во деталите од разговорите на средбата, Заев кажа дека треба да се разграничи што е насилство, а што не е насилство, што е тоа насилство, а што е физичко насилство, што е тоа реализација и осмислување и што е тоа некој да учествува во толпата, да биде заведен или понесен.

-Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите и не навлегувам подетално само кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасна дистинкција и разграничување. Секако, пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и пораката на неповторување на вакви работи исто така мора да постои, рече Заев.

Додаде дека би сакал законот да биде донесен што е можно побргу, како што би сакал да бидат завршени порано и сите други процеси.

-Но, тоа е само наша желба. Многу се важни сите други аспекти на формално правното носење на одлуки, закони и слично, рече Заев.

На средбата како што кажа, се разговарало за трите процеси што паралелно се водат, а тоа се интеграцијата, реформите и помирувањето.

-Не смее да заврши процесот овде на уставните измени. Сите се надеваме дека навистина ќе има најмалку двотретинско мнозинство за уставните измени. Интерпарламентарната група може да помогне многу во комуникацијата со парламентите и со Сенатот на САД при ратификацијата на протоколот со НАТО и сите други постапки кои следуваат  од интеграциите. Одредени реформи може да бидат обврзани токму преку ова тело, може да бидат и закочени заради потребата од јавност или дебата и слично. Но и во делот на помирувањето. Може да повикаат премиер и министри овде  и да решаваат проблеми помеѓу навивачки групи, различни општини од опозиција или власт на локално ниво и слични примери, рече премиерот.

Верува дека паралелно движење на сите овие процеси ќе дадат резултати исклучиво во интерес на граѓаните на државата.

Потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, која е еден од претседавачите на интерпарламентарното тело истакна дека разговорите се водат во примарниот дух на стратешките цели на Република Македонија, а тоа е заокружување на процесот на уставни измени, добивање на членство во НАТО и секако процесот на отпочнување на разговори со ЕУ во јуни следната година.

-Сите овие процеси се комплементарни. Сите заинтересирани и медиумите се фокусирани на закон за амнестија. Можам да кажам дека работните тела имаат мандат бидејќи го имаат веќе и составот, ги имаат и претставниците на Владата што ќе учествуваат во ова тело, сите механизми што им се дадени во однос на одлуката да вклучуваат и други пратеници, правни експерти, МАНУ, цивилно општество, медиуми кои можат да сугерираат  и да даваат решенија за овој комплексен процес, рече Ташевска Ременски.

Претставниците на сите политички партии, дел од ова тело, според неа, имаат консензус за патот на Република Македонија кон помирувањето.

– Релаксирањето на општествено политичката реторика мора да почне од Собранието за да може да рефлектира позитивна атмосфера за процесите  што ќе обезбедат иднина на Република Македонија, смета Ташевска Ременски.

Емилија Александрова, ко-претседавач од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека на средбата имало конструктивна дебата и дека се формирани три подгрупи за интеграција, реформи и помирување, кои до вторник треба да ги разгледаат своите области и да излезат со конкретни предлози и решенија, со што би се дало динамика на целиот процес. Пратеничката потенцираше дека овие три процеси се меѓусебно поврзани и дека еден без друг нема да го дадат конечното решение, а тоа, како што кажа, е да застанеме на вистинскиот пат и еднаш засекогаш како свесни граѓани и политичари мораме да и дадеме шанса на нашата држава да оди напред.

– Овие групи не се од затворен тип. Во нив можат да земат учество сите пратеници и во таа насока апелирам секој кој смета и може да се пронајде во некоја од нив да земе активно учество и да се вклучи во овие многу важни процеси за нашата држава, изјави Александрова.

Александрова Заев помирување Собрание тело
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.