Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поткуп: Одбраната бара смена на обвинителот Милошевски

0
By Нова ТВ on January 23, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: МЕТА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 23, 2017 12:15

Одбраната на Зоран Заев, на денешното рочиште за Поткуп побараа од Јавното обвинителство за организиран криминал да назначи нов обвинител на местото на Владимир Милошевски, кој во моменто во застапува обивнението во овој случај, бидејќи му е истечен мандатот на 30 ноември минатата година.

Според одлуката на Советот, што ја приложија адвокатите, Милошевски бил времено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.

Адвокатот на Заев, Јаким Неделков од судот побара да се изјасни и да донесе решение дали ќе му дозволи на јавен обвинител со истечен мандат и без легитимитет да застапува обвинение. Во тек е пауза за време на која судијката и членовите на судечкиот совет треба да донесат одлука по ова барање.

На минатото рочиште одбраната побара изземање на обвинителот Владимир Милошевски од овој случај, бидејќи, како што рекоа, СЈО има предистражни дејствија за монтирање на случајот против Заев.

Јавното обвинителство за организиран криминал го одби барањето, а СЈО во соопштение појасни дека конкретно против обвинителот Милошевски не води постапка, но дека отворило постапка за истражување на сомневања за монтирање случај против Заев.

Заев и неговите адвокати бараа изземање на Милошевски, бидејќи, според нив, од политички мотиви тој е учесник во злосторничко здружување за да се монтира случајот „Поткуп“. Одбраната се сомнева дeкa токму Милошевски ја дал снимката од кабинетот на градоначалникот од која се гледа дека Зоран Заев од струмички бизнисмен наводно бара пари како противуслуга за издавање дозвола за градба.

Заев Милошевски поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.