Published: Thursday, January 28, 2016 11:29
Најмалку 12 луѓе загинаа, меѓу кои повеќето деца откако потонал брод со мигранти источно од островот Самос, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во акцијата, која се уште е во тек, спасени се 10 луѓе.
Ова е втора несреќа во последните два дена. Близу грчкиот остров Кос вчера загинаа седуммина.
Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на годинава во Грција влегле речиси 50.000 мигранти и бегалци.




