Десет лица загинале, а уште десетина се водат за исчезнати, откако ферибот со околу 150 лица се преврте во реката Падма, во централниот дел на Бангладеш, пренесе ДПА.
Се претпоставува дека бројот на жртвите ќе биде уште поголем.
Нуркачите од водата ги извадија телата на девет патници од потонатиот ферибот, додека едно бебе починало на пат за болницата.
Локалните жители успеале да спасат педесетина лица, кои од реката ги извадиле со помош на чамци, соопшти полицијата.
Фериботот потонал откако се удрил во товарен брод во реката Падма.
Последниот таков сериозен инцидент се случи во август минатата година, кога ферибот со околу 200 патници се преврте во река Падма на околу 40 од местото на денешниот инцидент. При овој инцидент загинаа околу 50 лица.




