Патнички брод на кој се наоѓале 64 патници, меѓу кои жени и деца потона вчера додека пловеше од пристанишниот град Ал Мукала кон јеменскиот остров Сокотра, јавија светските медиуми.

Засега не се познати причините за несреќата.

Извор од крајбрежната стража за странски веб сајт изјавил дека примиле известување од властите во Хадрамоут во вторник вечерта дека изгубиле контактот со бродот неколку часа откако испловил од Ал Мукала.

Спасувачките тимови успеале да извлечат само пет патници од бродот.  Не е познато дали се уште има преживеани.