Published: Tuesday, December 30, 2025 13:34
Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата.
Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието.




