Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпретседателката на САД Камала Харис тргна на пат кон Полска

0
By Соња Крамарска on March 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската потпретседателка Камала Харис тргна кон Полска, јави Си-Ен-Ен. Харис не им се обратила на новинарите пред да се качи во авионот. Air Force Two го напушти Вашингтон пред малку и е на пат за Варшава, каде Харис планира утре да се сретне со раководството на земјата во обид да собере меѓународна поддршка и да го увери еден од најисточните сојузници на НАТО во поддршката од САД, објави телевизиската мрежа.

Но, нејзината мисија е комплицирана поради прашањето за авионите од советската ера, кои Украина ги бара за да ја одржи својата борба против Русија. Предлогот на Полска прво да се префрли сопственоста на авионите Миг-29 на Соединетите Држави ги фати функционерите на администрацијата на Бајден целосно неподготвени и беше отфрлен од Пентагон.

Харис ќе разговара за ова жешко прашање оваа недела, изјавија високи претставници на американската администрација пред нејзиното заминување.

„Неколку луѓе имаа различни идеи и мислиме дека сите вредат да се дискутираат и тоа е она што ќе продолжиме да го правиме“, рече еден функционер.

Во Варшава, Харис ќе се сретне и со бегалците кои побегнале од насилството во Украина, како и со американските дипломати кои се преселиле во Полска од американската амбасада во Киев.

Таа ќе отпатува од таму и во Романија, каде што е забележан прилив на мигранти кои бегаат од насилството во Украина.

Камала Харис Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.