Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потресно на судењето за Кочани – девојчиња се држеа за решетки и молеа за помош, на дете му висеше кожата и чад излегуваше од него

0
By Zoran Ivanov on December 25, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 25, 2025 16:26

Девојчињата врискаа и молеа за помош, ги прскав со вода за полесно да дишат, на едно дете му висеше кожата и чад излегуваше од него. Ова е само дел од потресното сведоштво на првиот сведок на судењето за трагедијата во Кочани каде загинаа 63 лица, Дејан Николов кој со години имал сервис за возила до клубот „Пулс“.

Излегол да пуши цигара кога се запалила дискотеката, а другар на неговиот син му покажал видео на кое се гледало пламен и почнале да слушаат врисоци. Во клубот отишол околу еден часот по полноќ со другар, а таму бил неговиот син со другарите.

Тогаш слушнав гласови и викање и тропање од женскиот тоалет. Ги скршивме прозорците од просторијата меѓу машкото и женското веце, каде се мијалниците. На решетките се фатија девојчиња, кои светеа со телефоните и сите вриштеа. Пробав да ги смирам и почнав да ги прскам со вода. Црн чад излегуваше од горниот дел, не од кај тоалетот. Комуницирав со девојчињата да ги смирам, им велев полека, ќе дојдат пожарникари. Син ми ми викаше:„Тато, те молам спаси ги“. Децата викаа, чичко прскај повеќе, така полесно дишеме. Јас продолжив. Комуницирав со нив, слушнав една мајка како комуницира со девојчињата. Пожарникарите многу брзо дојдоа. Од таму каде што бев дојде еден пожарникар и почна да комуницира со мене (за сето ова време се слуша липање на родителите). На пожарникарот му го дадов цревото, му реков да ги спасиме децата. А јас отидов кај децата во мојот објект, излеговме од станата на дискотеката од северната страна, продолживме кон долната улица. Тогаш приметив дека таа помошна врата не беше отворена. Ги однесов децата до еден салон за мебел во близина. Се вратив со син ми и со еден другар, оној што ми го покажа видеото. Се вративме до колата, јас прво сакав пешки до диското, но ја преместив колата. Зедов гази од првата помош, имаше веќе многу чад и се чувствуваше силен мирис. Ги врзавме газите за да се заштитиме. Тогаш почна да пука кровот и почнаа да паѓаат парчиња врз нас. Ние веќе бевме на горната улица, зад мојот објект. Се симнавме од кај далноводот, до мојот објект. Му реков на син ми да го отвори дуќанот, јас да ја земам брусилицата да ги сечеме решетките – рече сведокот.

За брзо време дошле пожарникари, а тие спасувале со маски на себе.

Тие веќе ги исекле решетките и ги свиткале нагоре. Во еден момент дојде пак истиот пожарникар, цревото беше ставено доле, течеше вода. Син ми ми донесе професионални маски, јас сум автолакер, имам маски. И јас ставив маска, сите ги носевме до 5.30 часот и мислам дека тие маски не спасија да немаме повреди. Го прашав пожарникарот како е ситуација, ми рече направивме коридор, ги вадиме од таму, ти продолжи да прскаш. Синот и другарот носеа вода на улицата, синот викна дојди тато има повредени деца. Седеше едно дете, му висеше кожа, чад излегуваше од него, целиот чадеше. Тргнав да го прскам, ама веднаш престанав оти ми текна дека на изгореници не треба да се сипа вода. Син ми му даде само да се напие вода. После го однесоа. Продолжив да го гаснам билото на кровот, највисокиот дел. Од другата страна беа другите пожарникари. Тука, бевме некаде до 5, се стишуваше работата, пожарот се локализираше, се ми се чинеше како вечност. Ја изгаснавме водата, со синот и другарот влеговме кај мене во сервис. Родителите на другарот ми се јавија, им кажав дека е на безбедно. Се измивме, бевме црни. Направив раствор од сода бикарбона и шеќер и деца беа видно потресени, исто како и јас. Секојдневно го преживувам ова. Имав перцепција дека има повредени и дека нема жртви. Тогаш син ми ми кажа, тато изгледа има жртви, има тела. Го фатив да не гледа, видов три тела до вратата. Имаше многу луѓе, не гледав веќе никого, само сакав синот да го однесам дома. Почна да ѕвони телефонот, сите ми се јавуваа. Во 8 отидов во црква, во 9.30 ми ѕвонеше полицијата, дојди да го отвориш сервисот, нема каде да се мијат луѓето. Кога отидов, имаше што да видам, таму беше страшно – рече сведокот.

Кочани потресно судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.