Катар и дефинитивно ќе биде прва станица во новата сезона за Новак Ѓоковиќ. Организаторите на АТП турнирот во Доха го потврдија учеството на српскиот тенисер кој, поради повреда на лактот, паузира од Вимблдон што резултира и со пад на 12 место на ранг листата.
Ѓоковиќ ќе излезе на терен неколку дена претходно, на егзибициски турнир во Абу Даби што, сепак, не е дел од календарот на АТП. По Доха, Србинот ќе се подготвува за настап на првиот гренслем во годната, Австралија опен.
Учеството на турнирот во Катар што ќе почне на 1 јануари досега го пријавија и Австриецот Доминик Тим, Чехот Томаш Бердих, Шпанецот Пабло Карењо Буста и Хрватот Борна Чориќ.